Трендот на напуштање на старите локални и автохрони сорти е уште повеќе потенциран со тоа што во последните децении поради различни причини (миграција на младото население, комерцијално земјоделство, незаинтересираност за земјоделско производство и др.) сè помалку жители одржуваат семе од локални популации тикви, дињи, лубеници и краставици. Зимските форми на дињите и лубениците добиваат статус на загрозени. Овој процес неминовно ќе доведе во наредните години истите да се изгубат, а со тоа и значајни генетски ресурси од овие видови.