Резултатите од овој билатерален проект имаат посебен научен придонес од аспект на оформување на колекции од локални сорти и од селекциски материјал од целните култури. Сознанијата за генетската вредност на материјалот може веднаш да се применат со вклучување на најдобрите сорти во директно производство. Оние сорти кои имаат пожелни особини, и, од друга страна, некои негативни својства ќе бидат искористени во селекциските програми за нивно подобрување и како извор на пожелни гени за подобрување на комерцијалните сорти.