Со цел примероците да се класифицираат врз основа на испитуваните својства, беше направена анализа на основни компоненти (РСА), кластер анализа и двојна кластер анализа (Граф. 1, Граф. 2 и Граф. 3, редоследно). Сите три анализи покажаа јасно издвојување на две главни групи, а во рамките на првата група можат да се издвојат две подгрупи. Во првата група припаднаа 15 примероци, а во втората група 9. Првата основна компонента (РСА1) објасни 27,4% од вкупната варијабилност на примероците. Генетската дистанца помеѓу двете основни групи беше 0,9 (Граф. 2) што укажува на голема разновидност на испитуваните примероци. Најслични меѓу себе беа примероците 3 и 17 и 12 и 22. На Граф. 3 се гледа класификацијата на примероците од една страна и класификацијата на својствата врз основа на кои беа раздвоени примероците од друга страна.