Од лубениците исто така најчесто се одгледуваат летни популации, кои се разликуваат во однос на формата и бојата на плодот, интензитетот на црвената боја и вкусот на месото. Во некои домаќинства сèуште се одржуваат зимските форми лубеница, типични по бледожолтата боја на месото, кое не е премногу благо (Слика 3). Некои од нив, доколку се чуваат во соодветни услови, можат де се консумираат до следната жетва. Беше констатирано дека локалните популации лубеници, кои служеле за подготовка на слатко и се одликуваат со цврста темно зелена кора, се во исчезнување.