Вкупната површина со двор, овоштарник и лозје е 1100 квадрати. Најдолниот кат има летна кујна, работилница со алати и простор за производство на вино и ракија. Вториот кат има тоалет со бања (када), дневна соба, кујна и балкон што гледа напред. Третиот кат има 3 спални, тоалет и балкон што гледа на задната страна кон лозје и ридови. Куќата е редовно одржувана, користена како живеалиште од месец Мај до Септември и се продава заедно со целиот инвентар за живеење и сите алати и опрема потребни за одржување на градината, овоштарникот и лозјето.