Врз основа на карактеризација на морфолошките својства (изгледот на растот на растението, бојата на цветот, бојата и формата на листовите и плодовите) и со детерминација на карактеристиките на плодовите, ќе се одреди диверзитетот на популациите во рамките на колекцијата. По оформувањето на колекцијата од сите примероци, во втората година, ќе се нивна карактеризација со помош на молекуларни маркери, преку примена на соодветни техники. Фенотипската и генетската карактеризација ќе придонесе за попрецизно издвојување на различните примероци во колекцијата и ќе биде основа за дефинирање на конечната листа на промероци кои ќе се вклучат во колекцијата.